Бизарна сцена: Повредениот играч го изнесуваа со возило и успеаа да го прегазат неговиот соиграч (Видео)

На мечот меѓу Ел Насионал и Лига де Портовијехо во втората лига на Еквадор се случи еден бизарен инцидент, а во главна „улога“ беше медицинското возило.

Се играше 71-вата минута кога еден гостински играч се жалеше на повреда, па мораше да биде изнесен од теренот. Затоа на теренот се појави медицинско возило, кое додека излегуваше од теренот, неочекувано направи инцидент. Гостинскиот фудбалер Едисон Каиседо ноншалантно си одеше по теренот, но беше свртен со главата на друга страна, кога неочекувано беше удрен од медицинското возило.

Фудбалерот како покосен падна на тревата и почна да се превиткува од болка. Веднаш притрчаа неколкумина од таборот на гостите кои не можеа да веруваат што се случи. За среќа, ударот не беше толку сериозен, па искусниот 36-годишен бек го продолжи мечот и на крајот неговиот тим ја задржа предноста од 1:0 и ги освои бодовите од ова тешко гостување.

- Оглас -

Најнови вести