Анчелоти: Тоа трио е Бермудски триаголник затоа што таму топката едноставно ја снемува

Реал Мадрид со 2:0 го победи Јувентус, за прва победа во подготвителниот период на Кралскиот клуб. Карим Бензема уште еднаш покажа дека и во новаа сезона ќе биде ударна игла во нападот, а погодок даде и Марко Асенсио.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти беше задоволен од подготовките направени на турнејата во САД и најави дека сега фокусот е на дуелот од Суперкупот на УЕФА.

„Сега се враќаме во Мадрид и продолжува да се подготвуваме за мечот од Суперкупот на УЕФА“, вели Анчелоти за дуелот кој го очекува на 10 август против Ајнтрахт Франкфурт.

Анчелоти најмногу „слатки маки“ има во изборот за фудбалери кои ќе бидат на средината на теренот. Против Јувентус Анчелоти реши да игра со „старата гарда“ Модриќ, Крос и Касемиро, а тука се и помладите Валверде, Камавинга и Чуамени.

„Ми се допаѓаат и двата сета на играчи кои ги имам на располагање во средниот ред, класика и „рок енд рол“. Сакам да ги нарекувам Касемиро Крос и Модриќ дека се Бермудски триаголник, затоа што таму топката едноставно ја снемува“, комнтираше Анчелоти за искуснто трио во средината на теренот кое заедно освои дури пет титули во Лигата на шамиони.

- Оглас -

Најнови вести