Анчелоти во Реал сака да го доведе едно од најголемите промашувања на Премиер лигата?

Според шпанските медиуми, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака на “Сантијаго Бернабе“ да го доведе едно од најголемите разочарувања во Премиер лигата, фудбалерот на Тотенхем, Ричарлисон.

Анчелоти и Ричарлисон соработуваа кога двајцата беа дел од Евертон и бразилецот таму остави одличен впечаток. Сепак, откако направи трансфер во Тотенхем за 58 милиони евра не покажа апсолутно ништо.

Напаѓачот на Островот најпрво играше за Ватфорд, каде слично како и во Евертон, имаше одлични партии, а сега е пред трансферот од соништата и преселба во “кралскиот“ клуб од Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести