Андерлехт го смени тренерот, носи докажано име?

Најтрофејниот белгиски клуб Андерлехт ја прекина соработката со Хајн Ванхезебрук и, како што се најавува, нов тренер на тимот ќе биде некогашниот холандски репрезентативец Франк де Бур, кој како играч ја освои ЛШ со Ајакс, а го носеше дресот и на Барселона. Како тренер, најпознати тимови кои ги водел му се Ајакс и Интер.

Ванхезебрук доби отказ по лошите резултати на домашна сцена и во Лигата на Европа. Клубот од Брисел на последните шест меча не знае за победа, а капката која ја прели чашата на трпението беше поразот од Серкл Бриж. Ванхезебрук 14 месеци седеше на клупата на Андерлехт, а во минатата сезона првак на Белгија беше Клуб Бриж.

Андерлехт е четврти на табелата во Белгија, со 11 бода помалку од лидерот Генк. Во Лигата на Европа тимот освои само три бода, а беше во група со Фенербахче, Динамо Загреб и Спартак Трнава.

На наредните два меча екипата ќе ја води Карим Белосин со Јонас де Рук како помошник.

- Оглас -

Најнови вести