Манчестер сити го знае името на наследникот, доколку Пеп Гвардиола одлучи да си замине

Италијанскиот тренер Енцо Мареска е единствениот кандидат за клупата на Манчестер сити доколку Пеп Гвардиола на крајот од сезоната одлучи да го напушти клубот.

Поранешниот тренер на Челзи и Парма наводно го чека развојот на ситуацијата на „Етихад“, пишуваат англиските медиуми.

Мареска беше помошник на Гвардиола во сезоната 2022/23, кога Манчестер сити ја освои историската тројна круна. Неговата поврзаност со клубот е уште подлабока, бидејќи во сезоната 2020/21 ја водеше и младата екипа на Сити.


Иако договорот на Гвардиола со клубот трае уште една година, неговата иднина по летото останува неизвесна, бидејќи Шпанецот би можел да одлучи да си замине.

Мареска неодамна ја напушти клупата на Челзи, со кого ја освои Конференциската лига и Светското клупско првенство. „Стемфорд Бриџ“ го напушти на 1 јануари оваа година поради несогласувања со управата на клубот.


Во неговото последно интервју за „Скај Спорт Италија“, Мареска остана мистериозен околу своите планови:


„Важно е, без разлика на клубот, да бидеш подготвен. До крајот на сезоната останаа само уште неколку недели, а потоа ќе видиме што ќе се случи.“

- Оглас -

Најнови вести