Андонова го повтори ударот на Шаќири и даде гол од корнер за Македонија (Видео)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија победи на гости кај Летонија со 4:1, што е прв триумф на нашите дами во квалификациите за пласман на Светското првенство. Капитенот на Македонија, Наташа Андонова, даде два гола, а по еднаш погодија Гентјана Рочи и Улза Максути. 

Од сите четири погодоци на Македонија, најатрактивен беше тој на Андонова, постигнат директно од корнер. Овој погодок на Наташа потсети на погодокот пред речиси 20 години што го постигна Артим Шаќири на дуелот против Англија во Саутхемптон.

По вчерашниот гол на Андонова од корнер, Македонија може да се пофали дека е една од ретките селекции кои на сениорско ниво постигнале гол директно од корнер во машка и женска репрезентативна конкуренција.

https://streamable.com/odbf37

- Оглас -

Најнови вести