Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, ќе ја води Сампдорија во следните две сезони.
Клубот и тренерот си подале рака, останува само уште формалното потпишување на двегодишниот договор и официјална објава на веста од страна на клубот од Џенова.
Пирло во минатата сезона седеше на клупата на турскиот Караѓумрук, а Сампдорија сезоната ја заврши со Дејан Станковиќ како тренер. По испаѓањето во Серија Б, Самп се раздели со Србинот, па Пирло ќе биде човекот кој ќе треба да ги врати Блучеркатите во елитната Серија А.
Прва желба за тренер беше Фабио Гросо, но тој не постигна договор со клубот и веднаш почнаа преговори со Пирло, со кого по три состаноци, си подадоа рака за соработка. Пирло се враќа во Италија откако во 2020/2021 го водеше Јувентус и со Јуве ги освои Купот и Суперкупот на Италија.