Да се биде или не, Македонија ЃП и Работнички ќе водат жестока битка за опстанок

Македонија Ѓорче Петров и Работнички од 16 часот го почнуваат натпреварот кој може да донесе некои одговори околу битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Ова е меч на кој нема сомнеж дека двата тима ќе дадат максимум и победникот не се знае однапред, мотивите кај двата тима ќе бидат огромни.

Квотите во Sport Life зa победа се речиси изедначени кај двата тима, и тоа покажува дека ќе има интересна битка.

Лавовите од Ѓорче се претпоследни и под огромен притисок, мора да одат на три бода, а и на Работнички му се заканува испаѓање, Романтичарите имаат четири бода повеќе од тимот на кој му гостуваат денеска. Работнички е во подобра форма, но во март кога овие два тима играа во Ѓорче Петров, домашните победија со 3-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести