Искуството и одбраната се адутите на Охрид против Целје

ГРК Охрид вечерва од 18 часот гостува кај словенечки Целје во првиот полуфинален дуел од ракометниот Европски куп, а обезбеден е и директен пренос на националната МРТ.

Охриѓани може да го повторат успехот на Алкалоид од минатата сезона и да освојат европски трофеј, но прво ќе мора да го елиминираат Целје кој е ракометен гигант со богата историја, пред 22 години ја освои Лигата на шампионите.

На трибините во „Златорог арената“ ќе има и „Рибари“, македонскиот тим нема да биде сам. На теренот ќе се води голема битка, во која Охрид има свои предности како искуството и одбраната. Во составот на Охрид, просечната возраст на играчите  29 години, а кај Целје само 22 години. Сезонава Охрид ги доби сите осум меча (Целје има шест победи и по еден пораз и реми) и примаше во просек само 20,5 голови по меч, додека одбраната на Целје не е толку цврста, примаа во просек по 32,4 гола. Словенците се и нешто поефикасни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести