Баерн Минхен веќе ја осигура шампионската титула во Бундеслигата за сезоната 2025/26, но има можност да ја направи оваа сезона најдобра во историјата во германското првенство.
Баварците имаат 79 бода, а им остануваат уште четири натпревари. Доколку Баерн победи во секој од нив, ќе достигне до 91 бод.
Во сезоната 2012/13, под водство на Јуп Хајнкес, тимот од Минхен истотака освои 91 бод, со гол-разлика од +80. Сегашниот тим на Баерн, доколку ги добие преостанатите четири натпревари, исто така би завршил со 91 бод, но би го срушил рекордот благодарение на нивната подобра гол-разлика од тој тим на Хајнкес, тие веќе имаат гол-разлика од +80.
Како круна, имаат прилика да го освојат и Купот на Германија каде се финалисти, па да имаат двојна круна во Германија, а шлагот на тортата може да дојде ако ја освојат и Лигата на шампионите каде се полуфиналисти.

