Андрија Бојиќ без конкуренција најдобар играч на колото во АБА 2

Андрија Бојиќ блескаше во Домжале против Хелиос со 35 поени и 11 скокови, држеше лекција од модерна кошарка и заслужено го доби признанието за најдобар играч на колото во АБА 2 лигата.

Српскиот центар во редовите на МЗТ Скопје е и најефикасен кошаркар на 12-тото коло во регионалното натпреварување.

Аеродромци полесно од очекувањата го победија домашниот тим со 92:73, а ова е трето вакво признание за кошаркар од редовите на македонскиот вицешампион.

Пред Бојиќ, МВП на коло во АБА 2 лигата беа Џејмс Вудард во стартното коло од регионалната лига и Иве Иванов во осмата рунда.

- Оглас -

Најнови вести