Повредата на Алкарас не е наивна, но ќе се врати за Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас донесе тешка одлука кога станува збор за паузата и закрепнувањето од повредата, а фокусот сега целосно е префрлен на одбраната на титулата на Вимблдон.

Шпанецот нема да настапи ниту на Мастерсот во Рим, ниту на Ролан Гарос откако ја повреди тетивата за време на турнирот во Барселона.

Иако на почетокот не беше јасно колку е сериозна повредата, дополнителните прегледи покажаа дека станува збор за воспаление – без кинење, но доволно сериозно за да бара подолг период на закрепнување.

Планот е Алкарас да паузира околу два месеца, со строга рехабилитација во текот на која нема да го оптоварува повредениот зглоб.

Шпанските медиуми наведуваат дека Алкарас има јасна цел – враќање на турнирот во Квинс клуб, кој се игра две недели пред Вимблдон и традиционално служи како главна подготовка за најпрестижниот граенслем на трева.

- Оглас -

Најнови вести