Анелка се замисли дека е Мајкл Џордан и сними документарец на „Нетфликс“ (видео)

Документарен филм за контроверзната кариера на поранешниот француски репрезенативец Николас Анелка премиерно ќе излезе на платформата „Нетфликс“. „Несфатениот Анелка“ е насловот на документарецот, а набрзо ќе се види колку ќе го привлече вниманието на спортските љубители.

Во документарецот се појавуваат звучни имиња и икони, како: Арсен Венгер, Тиери Анри, Дидие Дрогба, Емануел Петит и Пол Погба.

Анелка своевремено важеше за ѕвезда во фудбалскиот свет носејќи дресови на некои од најголемите клубови, како Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, подоцна во кариерата Челзи и Јувентус, па во биографскиот документарец е претставена неговата преселба од еден во друг гигант, како и контроверзии надвор од фудбалските терени.

Францускиот голгетер кој ја освои Златната копачка во Премиер лигата во сезоната 2008/09, кариерата ја заврши во 2016 година, откако последен клуб му беше Мумбаи, а моментално работи како тренер во младинските категории на францускиот прволигаш Лил.

- Оглас -

Најнови вести