Ангеловски: Имаме проблеми, но нема да се жалиме и одиме на добар резултат против Австрија

Македонија има многу проблеми пред двомечот со Австрија и Израел што е завршен во квалификацискиот циклус за настап на ЕП 2020.

Шансите на нашата селекција се незначителни бидејќи Австрија со еден бод на последните два меча со нас и против Летонија ќе го визира патот за ЕП.

„Имаме проблеми, но нема да се жалиме. Мотиви за настап во дресот со националните симболи секогаш има кај играчите, без разлика во кој состав играме. Алиоски нема да игра поради повреда, мали се шансите и Тричковски да ни се приклучи. Стефан Ристовски и Дарко Велковски сигурно ќе пристигнат на подготовките во Скопје, иако не се максимално подготвени. Имаме и тројца суспендирани поради картони, но одиме во Виена да одиграме добар меч, се надевам со позитивен исход за нас“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Покрај Алиоски и Тричковски, претходно од комбинација испаднаа и Адеми, Радески, Стоилов и Дориев, а поради парни жолти картони на 16-ти ноември против Австрија нема да играат и Несторовски, Муслиу и Николов.

 

- Оглас -

Најнови вести