Ангеловски: Важна е победата, сега ни треба успех против Словенија

Најважна е победата против Летонија, а сега ни треба мир и добра реализација за успех против Словенија, што би не вратило во игра за пласман на Европското првенство во 2020 година, изјави Игор Ангеловскиж по мечот со Летонија.

Славевме со 2:0 и ако ја победиме Словенија во Скопје на 10 октомври, ќе се вмешаме во битката за првите две позиции кои гарантираат настап на ЕП.

„Можевме да победиме и поубедливо, но бодовите се најважни, тие се бројат. Сега ни треба успех против Словенија за да се вмешаме во битката за второто место. Можевме да имаме и максимални шест бода од двете гостувања, но, за жал, не успеавме да го победиме Израел. Сепак, во игра сме и ќе продолжиме да атакуваме на добар пласман“, изјави Ангеловски.

Поразот го призна кормиларот на Летонија, Славиша Стојановиќ, кој е на прагот да добие отказ по лошите игри на репрезентацијата што ја предводи. Летонците со шест порази и гол-разлика од 1:21 е убедливо насјлаба селекција во групата Г.

- Оглас -

Најнови вести