Ангеловски знае дека Македонија очекува пласман на ЕП 2020

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација на Македонија ги разбира зголемените апетити на јавноста, кој очекува конечно нашата селекција да игра на големо натпреварување.

Од четврток почнуваме нов циклус квалификации за европско првенство, следното што ќе се игра во 2020 година, а до него можеме на два начини. Да се пласираме преку квалификациите што ќе ги почнеме во четврток во Скопје со Летонија, или да ја искористиме големата шанса што ни се нуди во Лигата на Нации, каде не очекува полуфинале со Косово, во март следната година, веројатно во Скопје, а сигурно на домашен терен.

„Фаворити сме против Летонија, а и ги знаеме и желбите на јавноста. Сакаме да одиме чекор по чекор, а можеме на Европско првенство на два начини. Се надевам дека ќе го оствариме сонот, иако е рано да си поставуваме некакви цели. Против Летонија ќе ни недостасуваат Тричковски и Спировски, но секако ја имаме улогата на фаворити и се надевам дека победнички ќе почнеме нов циклус квалификации“, изјави Ангеловски.

Првиот меч од новиот циклус ќе го играме на 21. март од 20.45 часот на националната арена „Филип втори“ во Скопје, а три дена подоцна ќе и гостуваме на Словенија.

- Оглас -

Најнови вести