Англичаните го притиснаа Катар: Имате 3 илјади загинати работници на објекти за Мундијалот, домаќините велат дека се само три жртви

Англичаните отворија нов фронт против домаќинот на Мундијалот, Катар и тврдат дека има премногу загинати работници при изградбата на објектите на кои во ноември и декември треба да се игра Светското првенство во фудбал.

Во кампањата со која е нападнат организаторот на СП се вклучи и Гери Невил, кој е соработник на „Скај спорт“.

„Шокиран сум од бројот на загинати работници кој се движи од 4.000 до 4.500 во услови што се мизерни. Работат за скромни 270 долари месечно, што е бедно за земја што има богаташи кои живеат во раскош.

Местата во кои живеат работниците се мизерни и не се достојни за во нив да прстојуваат луѓе“, обвини Невил.

Со слични обвинувања Катарците ги нападна и „Дејли Мејл“, а новинарите на овој медиум објавија дека има над 2.800 жртви при изградбата на објектите на кои ќе се игра Мундијалот.

Домаќините одговорија сека се е тоа лажна пропаганда и објавија дека само тројца работници го загубиле животот при изградбата на објектите на кои ќе се играат натпревари од 21. ноември до 18. декември.

 

- Оглас -

Најнови вести