Англичаните направија листа од 50 најгруби играчи во Премиер лигата, „победникот“ е легенда

Специјализираниот фудбалски портал „ФорФорТу“ состави листа од 50 „најнечисти“ играчи во историјата на англиската Премиер лига, а критериумот беше бројот на фаули кои ги имаат направено фудбалерите.

На чело на листата е 39-годишниот фудбалер на Вест Бромвич Албион, Герет Бери. Плејмејкерот на ВБА во кариерата 11 години играше за Астон Вила, потоа прејде во Манчестер сити, а играше и за Евертон. Човекот кој одигра и 53 меча за репрезентацијата на Англија, во кариерата има направено 633 прекршоци.

На второто место е напаѓачот Кевин Дејвис со 605 фаули. Дејвис има играно за Саутхемптон, Блекбурн и Болтон. Во топ 10 „касапи“ влегоа и Фелаини, Агбонлахор, Милнер, Валенсија, Крауч, Катермол, Лукас Леива и Тим Кејхил.

- Оглас -

Најнови вести