Англичаните подготвија подарок за Ериксен

Англиската репрезентација пред почетокот на полуфиналето на ЕВРО 2020 на Данците ќе им подари дрес со името на Кристијан Ериксен, потпишан од сите англиски репрезентативци.

Капитенот Хари Кејн на својот колега Симон Кјер ќе му даде дрес на Трите лава со името на данската ѕвезда, која на 12 јуни колабира на првиот меч на ЕП поради проблем со срцето, со потписи на сите од националниот тим. Инаку, Кејн и Ериксен речиси 7 сезони заедно играа во Тотенхем.

„Си пишавме со Кристијан после тоа што се случи. Му посакав сè најдобро. Тој веднаш ми одговори и кажа дека е ОК. Треба да го оставиме на мир. Тоа беше емоционален ужас не само за него туку и за неговото семејство“, изјави Кејн.

Имаше шпекулации дека Ериксен може да присуствува на „Вембли“, но малкумина веруваат дека тоа може да биде вистина.

- Оглас -

Најнови вести