Англичаните притискаат кај УЕФА, нудат наместо во 12 земји, цело ЕП да се игра кај нив

Финалето на Европското првенство во фудбал секако ќе се игра на „Вембли“ во Лондон, но Англичаните сакаат целото Еуро да се игра во нивната земја, и веќе испратиле понуда до УЕФА.

Првенството кое требаше да се игра лани, поради пандемијата на коронавирус, беше одложено за ова лето, и засега УЕФА ја нема сменето одлуката да се игра на стадиони во 12 различни градови низ Европа. Но, одлуката не е конечна и неизвесноста околу тоа каде ќе игра Македонија на историското деби, уште трае.

Според англиските медиуми, Велика Британија понудила цело првенство да се игра кај нив. Направен е план со кој наскоро навивачите ќе се вратат на стадионите. Премиерот Борис Џонсон ќе ги објави датумите за вакцинација на возрасната популација, а последниот рок до кога сите во неговата земја ќе мора да примат вакцина е 31 јули. ЕП треба да почне на 11 јуни.

- Оглас -

Најнови вести