Во просториите на ФФМ денеска беа извлечени паровите за бараж-натпреварите за пополнување на Втората македонска фудбалска лига.
Според жрепката, Тетекс ќе игра против Влазними, додека Каменица Саса ќе се соочи со Еуромилк ГЛ.
Во третиот дуел ќе се сретнат Борец и Кожув, додека во четвртиот бараж натпревар ќе играат Камењане и Победа Валандово.
Натпреварите од баражот ќе се одиграат на 30 мај, со почеток во 16:30 часот на неутрален терен, а стадионите ќе бидат дополнително одредени.

