Вардар со апел пред дербито против Шкендија: Нека има фер, спортско и достоинствено навивање

Екипата на Вардар ја обезбеди шампионската титула, па дуелот против Шкендија во последното коло од првенството ќе биде само формалност. Сепак, секогаш кога овие два тима се на теренот, постои мотив за победа, за триумф над големиот ривал.

Така се очекува да биде и в сабота, кога Вардар на Арената „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на Шкендија, во меч на кој најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија ќе го добие и трофејот наменет за шампионот.

Во пресрет на мечот, од ФК вардар упатија соопштение до јавноста во кое апелираат дека очекуваат на трибините да има фер, спортско и достоинствено навивање, да нема никакви националистички, верски, расни или дискриминаторски испади.

Соопштението од ФК Вардар ви го пренесуваме во целост

- Оглас -

Најнови вести