Англичаните рутински го победија првакот на Африка и си закажаа четвртфинална мегапресметка со светскиот шампион

Репрезентацијата на Англија со убедливи 3:0 го победи Сенегал во осминафиналето на Светското првенство во Катар и си закажа четвртфинална мегапресметка со актуелниот светски шампион Франција.

Гордиот Албион откако ги преживеа нападите на шампионот на Африка, кој промаши неколку изгледни шанси, успеа да ги казни промашувањата и со два гола во првиот дел и еден во вториот дојде до рутински триумф.

Резултатот го отвори Џордан Хендерсон со голот во 38-мата минута, а во третата минута од судиското продолжение од првото полувреме во листата на стрелци се запиша и капитенот Хари Кејн.
Конечниот резултат го постави Букајо Сака во 57-мата минута.

Противникот на Англија во четвртфиналето кое ќе се игра идната сабота, Франција, неколку часа порано со 3:1 ја совлада Полска.

- Оглас -

Најнови вести