Англичаните се шегуваат: Среќа за Астон вила што Модриќ веќе не игра за Зрињски

Лука Модриќ дел од својата кариера ја мина во редовите на Зрињски од Мостар во првенството на Босна и Херцеговина. Во сезоната 2003/2004 тој како позајмен од Динамо Загреб настапуваше за клубот од Мостар, кој пак вечерва ќе гостува на „Вила парк“ во Бирмингам во дуел од Конференциската лига против Астон вила.

Токму овој натпревар е повод за англискиот „Дејли мејл“ да се пошегува на сметка на премиерлигашот дека имаат среќа што Модриќ веќе не е дел од Зрињски, кој минатото коло направи сензација и го совлада АЗ Алкмар на домашен терен со 4-3, откако губеше со 0-3 на полувремето.

„До пред неколку месеци многумина навивачи на Астон вила немаа ни слушнато за Зрињски, но споменот за најславниот поранешен фудбалер на овој клуб од Босна и Херцеговина ќе биде доволен мотив да седнат и да научат нешто. Среќа за Астон вила, Лука Модриќ нема да биде дел од екипата на Зрињски на гостувањето на „Вила парк“ во Конференциската лига. Sвездата на Реал Мадрид знае колку на патот до врвот беше важна позајмицата во овој клуб“, се вели во најавата за мечот во британскиот „Дејли мејл“.

 

- Оглас -

Најнови вести