Англија ги слета Змејовите на земја со два гола за две минути (Видео)

Англичаните приредија блиц-криг само во две минути и со два гола водат со 2:0 во островското дерби со Велс.

Маркус Рашфорд со прекрасен гол од слободен удар во 50-тата минута му донесе почетна предност на фаворитот како најава за победа за прво место.

https://twitter.com/UtdFaithfuls/status/1597685011465244672?s=20&t=kcG5BA6wpzCw9RBEt4n8Gw

Само 120 секунди подоцна, Фил Фоден ја искористи одличната асистенција на Хари Кејн и по вторпат ја затресе мрежата на Велшаните.

Англија со овој резултат би била сигурен победник во Б групата и би играла против Сенегал во осминафинале на Мундијалот во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести