Англија го декласира Велс и ја избегна Холандија, против Лалињата осминафинале ќе игра САД (Видео)

Англија го декласира Велс со 3:0 во британското дерби на Мундијалот во Катар и го освои првото место во Б групата, што значи дека ќе игра против Сенегал во осминафиналето.

Соединетите Американски Држави во неизвесен меч го победија Иран со 1:0 и го прескокнаа на табелата за второ место и меч против Холандија на стартот од нокаут-фазата за светската титула.

Кристијан Пулишиќ во 38-мата минута го даде голот за победа за Американците и за пласман во осминафиналето.

https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1597677069571620865?s=20&t=kcG5BA6wpzCw9RBEt4n8Gw

Англија ги постигна сите три гола во второто полувреме, а блескаше Маркус Рашфорд со два погодоци.

Посебно убав беше првиот, а играчот на Манчестер јунајтед го постигна од слободен удар во 50-тата минута.

Само две минути подоцна, Фил Фоден зголеми на 2:0, а Рашфорд даде уште еден погодок за убедлива победа на Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести