Англија ќе му каже чао на Карабао купот

Англичаните се на прагот да донесат одлука да го замрзнат Лига купот, или популарниот Карабао куп за една сезона и тоа натпреварување со традиција од 60 години веројатно нема да се игра во следниот циклус.

Причина за ваквата идеа е вонредната состојба со пандемијата со Ковид-19 и продолжената сезона во Премиерлигата и во ФА купот, па Карабао купот, кој се игра од 1960 година речиси сигурно нема да биде на менито за идната сезона.

Англичаните ќе се подготвуваат и за настап на Европското првенство што е презакажано за идното лето, а имаат и клубови што допрва треба да ја доиграат и сезонава во двата европски клупски купови, Лигата на шампионите и Европа Лигата.

Сето тоа направи вистински хаос во распоредот, па за идната сезона на клупски план во Англија ќе останат Премиерлигата и сите пониски рангови на натпревари и националниот куп, или популарно познат како ФА куп.

- Оглас -

Најнови вести