Англија на нозе, по 46 години ја победи Германија на свој терен (Видео)

Англија го доби големото осминафинално дерби против Германија со 2-0 и ќе оди во четвртфинале против Шведска или Украина. Англичаните уште немаат примено гол на ЕВРО 2020, а овој триумф им е прв на домашен терен против Панцерите уште од март 1975 година.

За Јоаким Лев ова беше последен меч како селектор на Германија. Германците имаа свои шанси, но не ги користеа. Рахим Стерлинг со неговиот трет гол на ова ЕП и капитенот Хари Кејн ги фрлија во транс сите Англичани на трибините и оние покрај телевизорите. Четвртфинале со Шведска или Украина, па полуфинале со Данска или Чешка, е распоред кој кај Англичаните буди реални надежи дека конечно може да дојдат до финале, можеби и да ја освојат титулата која им недостасува.

https://twitter.com/i/status/1409928072447545347

- Оглас -

Најнови вести