Вардар со триумф над Алкалоид го прослави 65-тиот роденден

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа Алкалоид со 30-27 и на најдобар можен начин ја одбележаа прославата на 65-тиот роденден на клубот. Избраниците на Иван Чупиќ имаа контрола над резултатот во најголемиот тек од натпреварот и заслужено стигнаа до победа.

Првиот дел Црвено-црните го заокружија со предност од три гола (17-14) која ја одржуваа и во второто полувреме, сѐ до крајот на дуелот.

Во пресрет на натпреварот, имаше и организирана забава за навивачите пред СЦ „Јане Сандански“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести