Англија не се врати по мајсторијата на Мертенс, Исланд ѝ подари два пенали на Данска

Белгија славеше со рутински 2-0 против Англија, а за малку ќе обезбедеше пласман во плејофот во Лигата на нациите, меѓутоа Црвените ѓаволи не добија помош од Исланд.

Данска во судиското надополнување доби втор пенал во своја корист кој го реализира Ериксен, па така славеше против Исланд со 2-1 за следење чекор со Белгија во групата 2.

Белгија сега има 12 бода на лидерското место, Данска два помалку, па овие две селекции во последното коло во директен дуел ќе се борат за пласман во следната рунда.

Инаку, Тилеманс и Мертенс по само 24 минути им ги скратија маките на Ангчичаните, додека соиграчот на Елиф Елмас од Наполи го постигна можеби најубавиот погодок  на вечерта, од слободен удар.

Останати резултати:

сегмент А:

Данска – Исланд 2-1

Италија – Полска 2-0

сегмент Б:

Австрија – Северна Ирска 2-1

Чешка – Израел 1-0

Унгарија – Србија 1-1

сегмент Ц:

Молдавија – Грција 0-2

Словенија – Косово 2-1

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести