Англија не смее да си дозволи луксуз да не победи во Софија

Англија по пауза од 10 години, загуби меч од квалификации за едно големо натпреварување откако на гости кај Чешка резултатот на крајот беше 2:1 за домаќините. И покрај овој пораз, Англија е лидер во својата група, но никако не смее да си дозволи нов луксуз да остане и без бодовите на денешното гостување кај Бугарија.

„Нѐ очекува исклучително важен и тежок меч. Мора добро да реагираме по поразот од Чешка. Пред 20 години игравме против Бугарија и се сеќавам, тоа беше тежок меч. Ќе мора добро да се испотиме за да победиме. Мора прво да го обезбедиме местото на ЕП, а потоа да мислиме за турнирот. Сите играчи се добро подготвени, добро тренираме, го анализиравме противникот и верувам во успех“, вели селекторот на Англија, Герет Саутгејт.

Бугарија игра очајно во овие квалификации и по шест меча, нема ниту една победа, па со три бода е на дното од табелата во групата А.

 

- Оглас -

Најнови вести