Англиски почеток и германско дерби за крај ве чекаат во 13. коло на Спортска прогноза

Англиски почеток има 13. коло на Спортска прогноза, со мечот меѓу Барнли и Кристал Палас во сабота во 16 часот, што е и последен термин да се вклучите во нашата бесплатна игра, со супер премија „IPhone XS“.

Како и секогаш во двете сезони во кои се одвива многу популарната игра, и овојпат има супер интересни двојки, а и крајот на ова коло ќе биде многу возбудлив.

Претпоследен меч од програмата со 13 двојки што ви ги нудиме за прогнозирање во 13. коло на Спортската прогноза е шпанското дерби меѓу Атлетико и Барселона.

На „Ванда Метрополитано“ ќе се кршат копјата за врвот на табелата. На Барселона и треба победа за да остане лидер, а ако домаќините слават ќе му се приклучат на ривалот според бројот на бодови, 28.

И финишот на програмата во 13. коло на Спортска прогноза е со големо дерби, овојпат регионално во Германија, меѓу Мајнц и Ајнтрахт. Ривалитетот е голем, па ќе уживаме во понеделничка пресметка на големите ривали во Бундеслигата.

За главната премија „IPhone XS“ се знае, треба да се погодат сите 13 парови во колото, но не треба да се заборават и резервните двојки. Тие носат вредни поени во битката за водечките позоции во Генерален пласман, а и тука ќе има награди што ги обезбедија Sport Life и Спорт Манија.

Шампионот ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а награди ќе има и за првите петмина во конечниот поредок.

Играта е бесплатна, лесна за играње, а единствен услов е да имате SL картичка од Sport Life за да се приклучите во тековното коло со своја прогноза до 16 часот во сабота.

 

 

- Оглас -

Најнови вести