Англиски третолигаши приредија спектакл на „Вембли“ пред 85.000 гледачи (видео)

Чекатрејд купот е натпреварување наменето за третолигашите и четвртолигашите во Англија, а денес се одигра финалето, во кое се соочија Портсмут и Сандерленд. Фудбалерите на Портсмут го освоија трофејот откако беа подобри во пенал-рулетот со 5-4, а резултатот во регуларните 90 беше 1-1, односно 2-2 по дополнителните 30 минути.

Средбата се одигра на националниот стадион во Лондон „Вембли“, каде што присуствуваа над 85.000 гледачи. Некогашниот премиерлигаш за првпат во својата историја стигна до овој трофеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести