Неделковски: „Го искачивме Вардар од дното на врвот, продолжени се договорите, ќе има засилувања …“

Вардар и официјално е нов шампион на Македонија на едно коло пред крајот на Првата лига. „Црвено-црните“ својата 12-та титула од независноста на Македонија, прва по 2020 година, ја освоија со триумфот во Струга, па на коло пред крајот на првенството имаат недостижни шест бода предност во однос на Шкендија.

„За само година и десет-и-пол месеци спасен е клубот од згаснување и банкротирање, освоен е Купот на Македонија, а еве сега и првенството.“ – пишува извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски.

Првиот човек на „црвено-црните“ во својата објава вели дека веќе е продолжена соработката со фудбалерите на кои летово им истекуваа договорите, а договорени се и неколку квалитетни засилувања за следната сезона.

Неделковски најави дека по мечот од последното коло против Шкендија, фудбалерите на Вардар ќе бидат на одмор до осми јуни. Три дена подоцна екипата ќе замине на подготовки во Италија, а амбициите за следната сезона се јасни – двојна круна.

- Оглас -

Најнови вести