Англискиот четвртолигаш Порт Вејл направи неверојатен подвиг, нема кого не победиле

Англискиот четвртолигаш Порт Вејл, им е добро познат клуб на обложувачите, а овој клуб пред некој ден испиша историја во англискиот фудбал, како прв кој успеал да ги победи сите 91 тимови кои во моментов играат во најквалитетните четири лиги.

Порт Вејл во своето 145-годишно постоење, ги има победено сите 20 актуелни премиерлигаши, сите 24 тима кои во моментов се во Чемпионшип, сите 24 од Лига 1, и 23-те ривали со кои сезонава се натпреварува во Лига 2.

Иако никогаш не бил прволигаш, во минатото, Порт Вејл има славено против најголемите клубови како Ливерпул, двата тима од Манчестер, Челзи, Арсенал, Тотенхем Евертон, а последен на листата против кој победиле им беше Херогејт. Најголем ривал на Порт Вејл е Стоук сити.

- Оглас -

Најнови вести