Англиските гиганти се „истепаа“ за 14-годишно момче, победи Манчестер сити

Кејн Тејлор е едeн од најталентираните фудбалери во Англија на возраст до 15 години, а за него жестока битка биеја четири гиганти од Премиерлигата.

Тејлор има 14 години, беше дел од Академијата на Астон Вила, но сега се сели во Манчестер, во редовите на Сити, клуб кој ги победи Челзи, Арсенал и големиот градски ривал Јунајтед во трката за потписот на Кејн.

Според правилата на УЕФА, новиот клуб на Тејлор ќе и плати на Астон Вила околу 150 илјади евра на име тренинг компензација.

Манчестер сити се обидува да доминира и во младинска конкуренција, а има една од фудбалските Академии со најбрз развој, но и купува таленти од други клубови.

Тејлор ќе биде дел од тимот за играчи до 16 години во Манчестер сити, а Англичаните велат дека е екстра-талент.

- Оглас -

Најнови вести