Атлетико Мадрид нема да смета на офанзивецот Анхел Кореа и дефанивецот Шиме Врсаљко на четвртфиналниот меч против Лајпциг во Лигата на шампионите откако беше обелоденето дека тие се двајцата играчи кои се позитивни на корона-вирусот.
На тестирањето во саботата, кај нив двајца е откриено присуство на вирусот и согласно протоколите, тие иако немаат симптоми, се во домашна изолација и нема да патуваат со екипата на Атлетико во Лисабон, каде што се игра завршницата од ЛШ.
Сите други играчи и членови на експедицијата денеска повторно беа тестирани и резултатите им се негативни.