Тренерот на англискиот тим „удри“ по своите играчи: Бевме зрели да испаднеме во лига

Англиските пониски лиги завршија изминатиот викенд, а тимот на Лејтон Ориент едвај се спаси да не испадне во понизок ранг на натпреварување. Тренерот на Лејтон Ориент, 46-годишниот Ричи Веленс ги нападна своите играчи како главни виновници за драматичната завршница во која можеа да одат во трета лига.

Веленс ја опиша сезоната како „срамна“ и рече дека „потрошил десет месеци од својата кариера“ на своите играчи. Тој  даде невообичаено искрена и разорна оценка за своите играчи откако неговиот тим во последното коло го обезбеди опстанокот во Лига Еден (трета лига).

Во последното коло, Лејтон Ориент на свој терен ремизираше 2-2 со Бартон Албион и ја заврши сезоната со три бода предност пред Ексетер Сити, кој загуби со 2-1 од Бредфорд во клучен натпревар. Лејтон Ориент претходната сезона стигнаа до плејофот за промоција во повисок ранг, а сега завршија на последното место кое носи сигурен опстанок. Тимот сезонава имаше 14 победи, 10 нерешени и 22 порази.

„Имаме слаба група на играчи. Бевме зрели за испаѓање и мораше да чекаме другите да нè спасат. Повторно примивме гол од судиското продолжение затоа што ни недостасува лидер. Примивме еден куп голови непосредно пред полувремето. Примивме еден куп голови по 85-тата минута. Веројатно изгубивме 20 бода поради головите во тие периоди. Затоа им реков да им аплаудираат на навивачите затоа што го заслужуваат тоа. Плаќаа цела сезона за да ги гледаат, заслужуваат аплауз. Но, потоа нека се симнат од теренот и да не слават со своите семејства. Ова беше срамна сезона“, рече Веленс, кој го презеде Лејтон Ориент во 2022 година и вкупно има скор од 102 победи, 41 нерешени и 82 порази.

- Оглас -

Најнови вести