Анлиските навивачи тргнаа да си одат дома, па трчаа назад за да го слават голот на Белингам (Видео)

Репрезентацијата на Словачка ја делеа само 60-тина секунди од вистинска сензација и победа над Англија во осминафиналето на Европското првенство. Словаците долго имаа водство, беа покажани шест минути продолжение, а на една минута пред крајот, дел од англиските навивачи започнаа да го напуштаат стадионот за да избегнат гужви. Сепак, Џуд Белингам со фантастичен погодок израмни на 1-1 и се избори за продолженија, а кога овие што заминаа слушнаа дека навивачите се радуваат, започнаа да трчаат назад за и тие да го слават голот на Англија.

Луѓето кои во тој момент се движеа околу стадионот го снимија овој момент, кој изгледаше навистина комичен.

- Оглас -

Најнови вести