Анри го исклучува телевизорот кога ќе види дека Џака е капитен на Арсенал?!

Некогашниот фудбалер, а сега телевизиски аналитичар, Патрис Евра, изјави дека кога неговиот сонародник и веројатно најдобар играч во историјата на Топчиите, Тјери Анри, ќе види дека Гранит Џака е капитен на Арсенал, го исклучува телевизорот. Евра лично се уверил во ова и тврди дека ја зборува вистината.

„Тјери еднаш ме викна кај него да гледаме натпревар на Арсенал. Кога виде дека Џака го предводи тимот како капитен, веднаш го исклучи телевизорот. Го прашав што е работата, а тој ми рече дека не може да го гледа неговиот тим со Џака како капитен. Не сум лажго, верувајте ми дека и Анри ќе ви потврди“, вели Евра.

Арсенал во времето на Анри беше најдобар тим во Англија, а сега е просечен тим. Синоќа Арсенал загуби од Брајтон, Швајцарецот Џака доби црвен картон, па тоа беше повод за Евра да ја раскаже приказната.

 

- Оглас -

Најнови вести