Анри: Не можам да му кажам на Обамејанг да остане во Арсенал

Една од најголемите легенди на лондонски Арсенал, Тјери Анри, ја коментираше иднината на една од актуелните ѕвезди на Топчиите, Пјер-Емерик Обамејанг. Веројатно Габонецот ќе си оди од „Емирати” бидејќи не сака да го продолжи договорот.

Откако пристигна во Лондон, Оба даде 61 гол на 97 средби, договорот му истекува следното лето, а преговорите за продолжувањето на соработката се заглавени во ќорсокак.

„Секој треба да го направи тоа што мисли дека треба. Како да му кажам некому да остане кога и јас самиот си заминав? Но, тоа не значи дека се убива љубовта која ја имаш кон клубот”, изјави Французинот Анри.

Како фан на Арсенал, Анри сака Обамејанг да остане, но како фудбалер, верува дека Габонецот ќе ја разгледа ситуацијата со своите блиски и ќе го избере најдоброто за него.

„Ќе ми недостасуваат неговите голови. Секој фан на Арсенал кој би рекол дека сака Обамејанг да си оди, веројатно е луд. Но тоа е негов живот и одлуката мора да му ја почитуваме”, додава легендата.

- Оглас -

Најнови вести