Ансу Фати нема да игра против Реал, а причина не е враќањето на Меси

Шеснаесетгодишниот Ансу Фати, кој блесна во дресот на Барселона, максимално ја искористи шансата која му ја даде тренерот Ернесто Валверде, покажа дека е екстра талент, но во наредниот период веројатно ќе го загуби местото во почетниот тим и ќе пропушти седум меча на каталонскиот гигант.

Фати е роден во Гвинеја Бисао, но како дете дојде во Шпанија и реши да игра за националниот тим на оваа земја.

Од 26 октомври до 17 ноември ќе се одржи Светско првенство за фудбалери до 17 години, па се очекува Фати да добие повик од селекторот. Ако се случи тоа, а нема зошто да не биде така, Фати ќе го пропушти Ел Класико кое е закажано за 27 октомври на „Камп ноу“. Сепак, ако продолжи да игра како против Валенсија викендов, Фати сигурно долги години ќе биде во дресот на Барса и ќе има многу други прилики во иднина да игра против Реал Мадрид во едно од најголемите дербија во светот на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести