Ансу Фати стана Шпанец

Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати, кој воодушеви со игрите во периодот додека Лионел Меси и Усман Дембеле беа повредени, денеска зеде шпанско државјанство и реши во иднина да игра за националниот тим на оваа земја.

Фати е роден во африканската држава Гвинеја Бисао, но одамна е во Шпанија и откако ја среди целата документација, од денеска е Шпанец и може да се најде на листата на играчи на Црвената фурија кои следниот месец ќе играат во Бразил на Светско првенство за играчи до 17 години.

Постоеше опција Фати да прифати португалско државјанство или да игра за родната Гвинеја Бисао, но желба му беше да стане Шпанец и да игра за таа селекција.

- Оглас -

Најнови вести