Ансу Фати во солзи, му претстои нова пауза поради повреда

Барселона на драматичен начин загуби со 2-3 од Атлетик Билбао и беше елимимирана од Купот на Шпанија, а Каталонците останаа и без нивниот можеби најголем напаѓачки талент Ансу Фати, кој нема среќа со повредите и повторно му следува пауза.

Според шпанските медиуми, на Фати му претстои пауза од барем два месеци. Тој беше свесен дека нема да може да игра уште некое време, и тоа на младиот Шпанец толку тешко му падна што плачеше од мака кога го напушташе теренот.

- Оглас -

Најнови вести