Чави тврди: „Се обидов да го вратам Меси во Барселона, но Лапорта не дозволи“

Чави Ернандес откри дека се обидел да го врати Лионел Меси во Барселона во 2023 година, но трансферот бил стопиран од претседателот Жоан Лапорта.

Поранешниот тренер на Каталонците, кој го одведе тимот до титулата во сезоната 2022/23, зборуваше на оваа тема во разговор со легендата на бразилскиот фудбал Ромарио.

„Како тренер на Барса го вратив Дани Алвес и се обидов тоа да го направам со Нејмар, Педро и Меси. Педро и Нејмар не можеа да потпишат поради економската ситуација. За Лео Меси, претседателот Лапорта не го сакаше назад. Се обидувавме во 2023 година. Разговаравме пет месеци и сè беше подготвено, но на крајот претседателот рече ‘не’ и трансферот пропадна“, изјави Чави.

По заминувањето од ПСЖ, Меси премина во Интер Мајами, додека Чави сè уште нема преземено нов клуб по заминувањето од Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести