Анте Ребиќ почна да се радува две секунди пред Јовиќ да даде гол (Видео)

Лука Јовиќ продолжува со феноменалните игри во дресот на Ајнтрахт Франкфурт. Србинот погоди за 1-1 на „Стемфорд бриџ“, а доколку до крајот остане овој резултат, ќе има продолженија во Лондон за да се одлучи финалистот во Лигата на Европа.

За Јовиќ ова беше 10-ти погодок во Лигата на Европа сезонава, а вкупно 27-ми гол во 47 меча во сите натпреварувања сезонава. За тоа колку соиграчите на Јовиќ се сигурни дека тој не простува да погоди од ситуација во која се најде вечерва против Челзи, покажува и реакцијата на неговиот соиграч Анте Ребиќ.

Само што дојде топката со Јовиќ, Ребиќ високо ги подигна рацете и започна да слави за погодокот, и тоа две секунди пред да се затресе мрежата на домаќините.

 

- Оглас -

Најнови вести