Во пресрет на почетокот на Светското првенство во фудбал една од главните теми беа влезниците за натпреварите. Многу навивачи реагираа дека ФИФА одлучила цените на влезниците да бидат прескапи за обичните навивачи, па неколкупати се правеа корекции.
Сега ФИФА се соочува со еден непланиран проблем, а тоа е да најде начин како да наплати на симпатизери кои благодарение на некоја системска грешка, успеале да добијат бесплатни билети за мечевите од Мундијалот. Потврдено е дека околу 60 навивачи успеале да добијат билети за СП 2026 за цена од „нула американски долари“.

„ФИФА може да потврди дека на 3 јуни околу 60 навивачи добиле известување дека се добитници на бесплатни билети за мечевите за СП 2026. Тоа е така затоа што се случил проблем со плаќањето во текот на процесот на самата наплата“, објаснуваат од ФИФА.
Од Светската фудбалска федерација додаваат дека „жалат поради грешката и сите непријатности“, но сега навивачите ќе мора да ги платат билетите кои ги добиле бесплатно.
„Влезниците кои навивачите ги побарале остануваат резервирани за нив, но ги повикуваме да извршат уплата на средствата“, стои во соопштението на ФИФА. Навивачите имаат седум дена да направат уплата на средствата.
🚨.@FIFAWorldCup now canceling mis priced tickets. 😆😆😆
Gianni – Please step down.. pic.twitter.com/eyfTbkyi6f
— Ticket Talk Network (@TicketTalkNet) June 4, 2026

