Фудбалерките две години чекаат гостинска победа, Андора е шанса која не смее да се пропушти (Фото)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија веќе две години чека гостинска победа на официјален меч, а вечерва гостува кај аутсајдерот Андора во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Нашите фудбалерки последната гостинска победа ја забележаа на 4 јуни 2024 година, односно точно пред две години, кога славевме со 2-4 кај Молдавија во меч од квалификациите за Европското првенство.

Македонија треба да победи и според квотите во Sport Life бидејќи нашата селекција има квота од 1.81 за триумф.

Дуелот против Андора се игра со почеток во 19:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести