Антиваксери се виновни за кластерот во редовите на калчолигашот

Целиот тим на Специја заедно со стручниот штаб веќе неколку дена е во самоизолација поради тоа што беа пријавени 11 активни случаи на ковид-19 меѓу играчите и тренерите. Според клупскиот лекар Винченцо Салини, најголемите виновници за неконтролираното ширење на вирусот се двајца играчи кои одбиле да се вакцинираат против ковид-19.

„Ги снабдивме фудбалерите и вработените со прва доза вакцина против ковид-19, но двајца играчи одбија да примат вакцина, а набрзо потоа настана кластерот. За среќа, сите заразени се во добра состојба“, истакна Салини.

Италијанската фудбалска федерација од претходно настојува фудбалерите од Серија А и Серија Б да се вакцинираат, како што го стори тоа репрезентацијата пред почетокот на Европското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести