Корона-вирусот повторно напаѓа: Цела екипа од Серија А заврши во изолација

Корона-вирусот повторно зема замав во Италија, а тоа го покажува и последниот случај кога целата екипа на Специја заврши во изолација. На последното тестирање, дури шест фудбалери и еден член од стручниот штаб биле позитивни на опасниот вирус.

„Специја потврдува дека на последното тестирање на екипата се покажа дека шестмина играчи и еден член од стручниот штаб се позитивни на коронавирусот. Поради тоа, како превентивна активност, клубот реши да ги прекине сите фудбалски активности и цела екипа е во изолација“, стои во соопштението на италијанскиот калчолигаш.

 

- Оглас -

Најнови вести